Shea Butter


Природниот, нерафиниран шеа путер се екстрахира од плодот на африканското дрво карити или шеа. ШЕА ПУТЕР е природен крем за хидратација на кожата, богат со витамини А, Е и Ф, и има моќ за природна заштита од УВ-зраци, со природен фактор СПФ 6. Витаминот А е од суштинско значење за подобрување на проблематични состојби на кожата, како и дамки и брчки. Витаминот Е е клуч за силен имунитет и здрава кожа. Во последниве години, витаминот Е е популарен како најмоќен природен антиоксиданс. Тоа се супстанции кои ги штитат клетките од оштетување. Витаминот Ф или омега 3 ја штити кожата од сончеви зраци, ја поттикнува ревитализацијата на клетките, ја зголемува отпорноста на кожата кон надворешниот стрес, ја смиррува грубата, сува или оштетена кожа. Шеа питерот природно има густа текстура која може да варира во зависност од температурата. Се топи кога ќе дојде во допир со телесната температура и повторно се згуснува кога ќе се излади. Намена: За сите типови кожа: омекнува, негува, навлажнува. Се нанесува на лице и тело за смирување и богато хранење на кожата. Совршен е за сува и зрела кожа, интезивно ги негува чуствителните делови и го смирува чешањето. Многу добро и брзо се апсорбира во кожата, одличен е и како лосион за заштита од сонце, но и за третман по сончање.


Цена: 350 мкд