Jojoba Oil


Повеќенаменско за: кожа, коса, тело. Маслото од јојоба е всушност течен восок, екстрахиран од плодот на американското грмушесто дрво јојоба. Создава моќна бариера против губење на влага, како и против алергени и загадување од прав. Не ги затвора порита на кожата. Маслото од јојоба спречува прекумерно лачење на себум и го одржува природниот липиден баланс на кожата. Маслото изобилува со: витамин Е, Б-комплекс, цинк, бакар, селен, хром, јод - комбинација која е многу моќна во елиминирањето на слободните радикали кои се одговорни а стареење на кожата. Континуираната употреба на маслото од јојоба може да ги намали фините линии и брчките до 25%. Исто така, линолеинската киселина и антиоксидантите присутни во маслото од јојоба помагаат во регенерирање на клтките од кожата. Маслото од јојоба има добри својства и за чистење и може да се користи како средство за отстранување шминка и чистење на лицето. Маслото од јојоба може да се нанесува не само на лицето туку и на целото тело. Може да се користи за масажа на целото тело. Со редовна употреба на маслото од јојоба за нозете ќе спречите пукање на петиците. Витаминот Е ги навлажнува кутикулите на ноктите, го намалува оштетувањето и пукањето на ноктите, но дејствува и на косата, па може да помогне да се намали опаѓањето на косата и помалку да се оштетува, а антибактериските и антивоспалителните својства помагаат да се одржи скалпот чист и здрав. Маслото од јојоба одлично функционира како серум ии дава здрав сјај на косата.


Цена: 975 мкд